Skip to main content

На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоативни супстанци

Кабиент за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет зависност, злопупотреба на алкохол и психоактивни суптанци е отворен на Клиниката за психијатрија во склоп на Дневната болница. Тој ќе биде проширен на „Мој термин“, изјави денеска директорката на Клиниката д-р Славица Арсова на промовирањето на реновираниот прв кат на Клиниката за психијатрија во Скопје, со нова фасада, нов кров и нова фасадна столарија на клиниката.

Менталното здравје се негува уште од самото раѓање. Имаме намера да ги прошрииме кабинетите. Кабинетот за мајки и деца да прерасне во Дневен центар за мајки и деца , Кабинетот за нервноразвојно растројство да прерасне во Дневен центар за деца и млади. Во соработка со Клиниката за онколологија отворивме Кабинет за психијатриско-психолошка подршка на пациенти со онколошки болести. Амбулантите на ‘Мој термин’ и понатаму ќе функционираат прва и втора смена во Тафталиџе, за да се растовари овој простот. Овде ќе функционира Ургентна амбуланта и кабинетите“, рече директорката.

Со реновиарњето на Клиника за психијатрија значително се подобрува енергетската ефикасност на клиниката, се намалуваат губитоците на топлинска енергија и ќе има заштеда на електрична енергија, средства кои повторно остануваат во здравствениот систем во интерес на пациентите.

Првата фаза од проектот е финансирана преку Светска банка во соработка со Министерство за финансии во делот на подобрување на енергетската ефикасност реализирана минатата година, по што Министерството за здравство се вклучи во делот на внатрешно реновирање, односно комплетно е реновиран првиот кат, каде има и посебно адаптирана болничка соба за лица со хендикеп.

Вкупната сума на инвестицијата изнесува над 40.000.000 денари. Преку проектната единица на Министерство за финансии за првата фаза се инвестирани 29.000.000 денари, а 12.000.000 денари преку Министерство за здравство за реализација на втората фаза.

Поврзани вести