Skip to main content

Кај затруените деца од штипската сендвичарница откриена бактеријата Салмонела

По последниот случај со труење од храна од сендвичарница во Штип, бројот на заболени ученици од штипско средно училиште, се зголеми на 17.

Од Центарот за јавно здравје – Штип информираат дека кај некои од заболените е изолирана бактерија „Салмонела ентеритидис“.

Епидемилиогот, Светлана Живкова изјави дека до денеска биле регистрирано вкупно 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за дополнителни двајца ученици и вработени во штипското училиште.

– До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова.

Таа додава дека резултатите од земените примероци се уште се чекаат.

Претходно беше објавена веста дека сендвичарата е затворена и земени се примероци од храната и работните површини и извршен е и санитарен преглед на сите вработени, како и нивна едукација.

Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвич со пилешки стек и пржени компири.

Агенцијата за храна и ветеринаство спровеле инспекциски надзор, a објектот останува затворен сè до добивање на резултатите од лабораториските анализи.

Поврзани вести