Празничното прејадување кај многумина доведува до опстипација. Затоа, сега неопходно е да ја поттикнеме работата на цревата и да го прочистиме организмот што поскоро. Секој има свои методи со кои го забрзува метаболизмот, а ова се некои од нив:
1 чаша млака вода наутро
кафе
консумирање киви со кора
шолја млако млеко
шолја јогурт
Доколку ништо од ова не ви помогне, ви предлагаме да го испробате овој џем за брзо празнење на цревата.
Состојки:
150 г урми
150 г суви слиби
1,5 шолја проварена вода (помалку ако сакате џемот да биде погуст)
Приготвување:
Исечкајте ги урмите и сувите сливи на парчиња. Ставете ги во зовриена вода и варете ги додека се згусне смесата. Добиената количина би требало да биде доволна за 20 порции од 1 лажица. Џемот е погоден за сите возрасти. Можете да го јадете самостојно, да го намачкате на леб, да го додадете во јогурт, овес…
Совети за исхрана за редовна столица:
- Пијте многу вода.
- Јадете храна со повеќе влакна.
- Јадете овошје, зеленчук, мешунки.
- Постепено воведувајте ги влакната во исхраната и одбегнувајте лаксативи, бидејќи постојат многу природни методи со кои можете да си помогнете.
- Одбегнувајте кофеин и млеко.