Skip to main content

„Ако oва ве буди среде ноќ, тоа е сериозен симптом дека срцето не ви работи добро“, предупредува кардиологот Симиќ

Кашлицата обично се поврзува со настинка, респираторна инфекција или алергии, но ретко кој помислува дека зад неа може да се крие многу посериозен проблем. Професорот д-р Драган Симиќ, почитуван кардиолог oд Србија, во емисијата „Ново утро“ предупреди дека овој навидум безопасен симптом може да биде сигнал за срцева слабост.

Сува кашлица навечер – кога треба да се загрижите?

Кашлицата обично ја поврзуваме со кивање, респираторна инфекција или ковид, меѓутоа, кашлицата може да биде индикатор за кардиоваскуларни заболувања и е еден од честите симптоми на срцева слабост, вели проф. д-р Симиќ.

Како индикатор за срцева слабост, најчесто се манифестира додека лежите.

Тогаш срцето не работи на оптимално ниво, а првиот знак дека нешто не е во ред е сува кашлица, која го буди пациентот и го тера да се исправи и да седне, објаснува докторот.

Како што објаснува, овој симптом е предизвикан од застој во белите дробови и неможноста на срцето да ја исфрли целата крв од белите дробови, што доведува до зголемен притисок во белите дробови.

Кашлицата е знак за влошување на болеста и симптом што треба веднаш да го однесе секој пациент на лекар, нагласува д-р Симиќ.

Поврзани вести