![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/11/oko.jpg)
Јапонија: Научниците користат матични клетки за да им го вратат видот на луѓето кои ослепеле
Забележен е неверојатен пробив што го направиле научниците од Универзитетот Осака кои успешно го третирале слепилото предизвикано од недостаток на лимбални матични клетки (LSCD) користејќи репрограмирани матични клетки.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/11/photo-1-2.jpg)
Во нивната студија, тројца пациенти со тешко оштетување на видот доживеале трајно подобрување, додека четвртиот привремено го вратил видот.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/11/photo-2-2-640x600.jpg)
Важно е што при истражувањето, ниту еден од пациентите не доживеал сериозни несакани ефекти како што се формирање тумор или отфрлање на имунитетот, дури и две години по третманот.