Skip to main content

Зимата допрва доаѓа, се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Популарниот метео-прогнозер Славчо Попоски предупредува дека од крајот на овој месец Балканот може да се соочи со сериозно заладување и снежни врнежи.

Според неговите анализи на прогностичките модели, вистинската зима изгледа допрва ќе го покаже своето лице.

„Од 26-ти март 2026 прогностичките модели цртаат сериозни снежни врнежи и снежен бран во поголем дел од Балканот. Зимата по се изгледа допрва доаѓа“, најавува Попоски.

Оваа најава доаѓа во период кога температурите беа во пораст, па граѓаните треба да се подготват за можен снежен пресврт во последната недела од март.

Поврзани вести