
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Како што посочуваат, забраната е воведуена од 19.30 часот.
Од 19.45 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема – (ланци).