Skip to main content

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност

Република

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе бидат во интервал од -1 до 5 степени, а максималните ќе достигнат од 13 до 22.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, минималната температура ќе изнесува 3 степени, а максималната 22.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.

Поврзани вести