
Поради планирани технички интервенции во електросистемот, делови од три скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Според информациите од ЕВН Македонија, во општина Аеродром, од 08:00 до 09:00 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. „Јане Сандански“ бр. 70. Подоцна, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, прекин ќе има во селото Долно Лисиче, поточно делот после „Ливрам“.
Во општина Сарај, од 08:45 до 14:00 часот без напојување ќе биде дел од селото Кондово, поточно околу пругата и градинката.
Жителите на општина Сопиште, поточно корисниците од улицата „14“, ќе бидат без електрична енергија во периодот од 09:00 до 11:00 часот.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) ја пренесуваат најавата на електродистрибутивната мрежа за овие зафати на терен.

Македонски






