
Вечерва имаме ведро и многу ладно време насекаде низ нашата Република Македонија, а претежно е тивко и без ветер. Најниска температура од речиси -10 степени е измерена на Попова Шапка.
На Метеоролошката карта можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 19 часот насекаде низ Македонија по градови и места. Може да се види дека насекаде имаме минусни температури, со исклучок на Гевгелија каде е измерен само 1 степен.