Skip to main content

Утре ќе биде пекол

МИА

Утре нѐ очекува вистински тропски ден со температури кои на некои места ќе достигнат дури 40 степени Целзиусови, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Денот ќе биде сончев и многу топол, со мала до умерена локална облачност. Но, попладне и во вечерните часови се очекува дестабилизација на времето, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има и невреме со интензивни врнежи, силни електрични празнења и појава на град, особено во западните и северните делови од земјата – информираат од УХМР.

Минималните утрински температури ќе се движат од 12 степени во Берово до 22 во Скопје, а максималните дневни од 31 во Маврово и 40 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови, делови од Скопската котлина ќе бидат зафатени од нестабилност, со појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно силен ветер. Локално можно е и краткотрајно невреме, предупредуваат метеоролозите.

Како што најавуваат метеоролозите температурата главниот град ќе се движи од 22 до 39 степени.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни во попладневните часови и да избегнуваат движење на отворено, особено на сонце. Воедно, се советува да се следат локалните прогнози и најавите од институциите, бидејќи условите може да се променат за кратко време.

Поврзани вести