
На социјалните мрежи граѓаните пишуваат за хероите од големиот пожар во дискотеката Пулс кој однесе 59 животи. Меѓу нив се најде и младиот Јован Костадинов од Виница, кој моментално е хоспитализиран.
Бил надвор за време на пожарот,нашол црево за вода во гаража во близина, ја натопил својата маица за да ја стави на лице и без двоумење преку помошна просторија на диското извадил преку 20 девојчиња…
Толку млад, а толку храбар. Тоа е Јован Костадинов од Виница
Побрзо оздравување хероју!!!
П.С.Овој херој треба да добива државна пензија на ниво на првоборците од НОБ. Не кога ќе се пензионира, него од утре да почне да му се сливаат пари на сметка.
Родитeли на деца кои Јован ги спасил искажуваат благодарност на социјалните мрежи
Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот.
Јован е вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикуваше својат живот за да спаси туѓи животи.
Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит.
Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца – стои во објавата на Фејсбук.