Skip to main content

Сончево и релативно топло за овој период од годината

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура е во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. 

Поврзани вести