Skip to main content

Словенечките пожарникари почнаа со гасење на пожарот на Готен

Тим пожарникари од Словенија денеска пристигна во земјава и почна да интервенира во гасењето на големиот шумски пожар на планината Готен. Екипажот заедно со 17 возила пристигна на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде што по поставувањето на оремата, почна со интервенција на опожарените места.

Тимот пожарникари од Словенија кои денеска започнаа со гасење на пожарот на Готен / Фото: ДЗС
Раководителот на тимот, Роберт Шкрљ, изјави дека пожарникарите ќе работат во тесна координација со националните и меѓународните служби за да се обезбеди ефикасен и навремен одговор.

„Денес пристигнавме во Македонија за да одговориме на барањето за помош. Нашиот модул се состои од 61 член, од кои 42 се доброволни и професионални пожарникари, специјализирани за шумски пожари, а останатите служат за логистика и поддршка. Модулот има и 17 возила, од кои седум се специјализирани за шумски пожари“, изјави Шкрљ.

Шкрљ изрази надеж дека гасењето на пожарот ќе биде успешно.

Вчеравечер на скопскиот аеродром слета и хеликоптерот „блек хок“ од Чешка, кој во текот на денот е активно вклучен во гасењето на пожарот на Готен од беровска страна.

Поврзани вести