
Поради дефект на водоводна цевка Ф-150мм на улица „Рилски Конгрес“ 92 со прекинато водоснабдување ќе биде дел од оваа улица.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок Ф-200мм на булевар „Словенија“ 15 прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од дел од овој булевар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување на работните активности.