Skip to main content

Од утре температури до 27 степени, но и променливо време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал 3 од 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во интервал од 6 до 27 степени.

Од утре следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести