Skip to main content

Ни доаѓа ладен бран: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег

Територијата на Македонија во деновите кои што ни следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Во ваква ситуација ќе имаме ладно време со појава на утрински минуси и појава на мразеви. Викендов ќе имаме зголемена облачност со локални слаби врнежи кои во пониските места (градовите ) ќе бидат од дожд и од снег а на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат само од снег, најавува Славчо Попоски.

Според него станува збор за слаби и локални врнежи, па не се очекува формирање позначителна снежна покривка.

За Богојавление Водици на 19 Јануари (Понеделник) услови за слабо провејување на снег ќе има во јужните предели од Македонија а наутро температурите на овој празничен ден ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени. Преку денот пак температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени. Во Скопје и околината на 19 Јануари за Богојавление Водици наутро температурата ќе се спушти до околу -4 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 3/4 степени.

За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Под влијание на нов влажен бран од Медитеранот нови врнежи, овој пат претежно од снег, ќе има во среда на 21 Јануари, тврди Попоски.

Поврзани вести