Поради појава на магла намалена видливост до 30 метри вечерва има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Од претпријатието посочуваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.
Во соопштението се додава дека претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата.
– Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси, додаваат од претпријатието.
На одредени патни правци, што поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони. Од Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, нагласуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.