Skip to main content

На „Табановце“ се чека околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести