
Марија се прости од својата постара сестра со емотивен пост полн со болни зборови и тага, пренесува српски Телеграф.
Не мораше да биде вака сестро, сега ти почнаа најубавите години. Се вратив во дискотека да те најдам, но не ме пуштија, не можев да те спасам. Да ми дозволија, можеби ќе можев да те спасам или ќе изгоревме заедно, но важно е што бевме заедно. Жал ми е што не можев да влезам, многу ми е жал. Ти ми рече дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме заштитиш, дека ќе бидеш покрај мене. Но, неочекувано не остави на 19 години секогаш ќе бидеш во моето срце, сестро, нема да те прежалам… Остани горе со мама, ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ“, напиша Марија на социјалните мрежи.
Семејството пред две години доживеа уште една трагедија, кога почина мајката на двете девојчиња.
По пожарот во дискотеката Пулс, Марија била повредена при евакуацијата откако паднала во стампедото што настанало, а други лица кои панично се обидувале да побегнат ја згазиле.