
Ладниот Метеоролошки феномен „Ла Ниња” моментално е со најсилен интензитет, и тоа ќе трае во следните 2 до 3 месеци со најголем интензитет, а овој ладен феномен ќе го има и во пролетните и летните месеци, па така да сето ова не би требало да дозволи да имаме екстремно топло лето, особено како минатото во 2024 година, прогнозира Славчо Попоски.

Според ова, годинешното лето ќе биде далеку посвежо и поврнежливо, а секако, големи се шансите и за доцни мразеви во пролетните месеци, а да не не изненади и пролетен снег оваа година, во месеците Март, па дури и Април.