Skip to main content

Денеска сончево со северен ветер, од утре пораст на дневните температури

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч. Минималната температура е во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени Целзиусови, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Од утре следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура. 

Поврзани вести