Skip to main content

Денеска малку посвежо, пеколни температури од понеделник

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите. 

Поврзани вести