Skip to main content

Без кавги, алкохол, мрзеливост: Што треба, а што не да се прави на Велики понеделник

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението.

Оваа седмица се нарекува и Велика седмица, поради големината на настаните што се случиле во неа.

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот. Оваа седмица не се прават панихиди, помени и акатисти, заради посветеноста на целото внимание и молитва кон големите настани.

Во овие денови на Страдалната седмица, на трпезата, за храна се употребуваат само суви јадења. „И со тоа да бидеме задоволни“, вели правилото од Посниот триод. Постот трае сè до полноќта на Велика Сабота, односно до завршувањето на велигденската света Литургија.

Тоа се најтешките денови и најисполнети со молитви и богослужби. Во првите три дена (Велики понеделник, Велики вторник и Велика среда) низ богослуженијата, верниците се подготвуваат за сеќавањата на Христовите страдања. Трите дена се посветени на последните беседи и поуки на Господа Исуса Христа кон апостолите и кон луѓето.

На Велики понеделник црквата потсетува на осум библиски настани – четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики понеделник е: ден на старозаветниот Јосиф, намразениот од браќа си, ден на пророчките виденија, ден на маките во ропството и ден на праведниот Јов, како и ден на бесплодната смоква, неправедните лозари, за крајот на светот и очистувањето на храмот.

Што не треба да правите на Велики понеделник?

  • Во понеделник, како и во текот на Страсната седмица, не можете да се забавувате, да пеете или да играте и мора да се придржувате до строг пост.
  • да примате гости и да одите на посети;
  • забрането е пиење алкохол;
  • забрането е јадење месо, млечни производи и јајца;
  • забранета е кавга и конфликт;
  • не треба да се оди на гробиштата;
  • не треба да се венча и стапи во брак;
  • не смее да се биде мрзлив.

Што да правите на Велики понеделник:

  • започнете со чистење на куќата и дворот;
  • купете намирници за Велигден;
  • фрлете се што е старо, исчистете го вашиот простор;
  • измијте ги прозорците;
  • направи некоја градинарска работа – засадите цвеќе или дрвце.

Поврзани вести