Skip to main content

Уникатни имиња со значење убав/а

Доколку сакате уникатно име за вашето новороденче, погледнете ги овие имиња од различни страни на светот кои имаат една убава заедничка особина – значат убав или убава:

Розалинда – Во преносно значење е „убава ружа“. Вилијам Шекспир е виновникот зашто ова е популарно, поради хероината Розалинда во неговото дело „Како ви се допаѓа?

Меи – преслатко кинеско име кое врвот на популарноста го доживеа во 80-те години на минатиот век.

Ромео – популарно италијанско име кое означува привлечна и страствена машка личнност. Викторија Бекам на својот втор син му го даде името Ромео и оттогаш тоа има повторно стана популарно во Британија.

Јамила – женска форма на Јамил кој на арапски и свахили значи „убав“.

Адонис – според грчката митологија Адонис бил преубав млад пастир вљубен во божицата Афродита. Денес со ова име се врзува дефиницијата за машката убавина.

Калиста – во преносна смила значи „најубава“.

Жоли – француско име кое буквално значи „убав (а)“. Според нумерологијата, луѓето со ова име се вистински хуманитарци и сакаат да работат за други за да се постигне мир.

Венус (Венера) – според римската митологија Венера била божица на убавината и љубовта.

Бо – машко популарно име во САД и води француско потекло значи „убав“.

Арабела – многу родители за своите девојчиња сакаат поинаква варијанта од честото име Изабела, а всушност Арабела е еден од најпопуларните алтернативи.

Кенет – во Шкотска и Ирска ова машко има значење „убав и создаден од пламен“.

Бони – шкотско име со француско потекло се врати на сцената благодарејќи на филмот „Однесено со виорот“ во кој легендарните ликови Скарлет и Рит на својата ќерка и го даваат прекарот Бони.

Поврзани вести