Skip to main content

Камион со глина се преврти на депонија, тешко повреден е работник

Во понеделникот наутро во ОВР Виница, од Општа болница Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.С.(68) од Берово.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница. Како што е пријавено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во кругот на правното лице, возилото се превртело и тој се здобил со повредите. Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, велат од МВР.

Поврзани вести