Skip to main content

Мицкоски: Преговараме со изведувачот на коридорот 10д за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп-Градско со автопатот Прилеп- Битола

Преговараме со изведувачот на работите на Коридорот 10 Д и, генерално, она што го имаме како план е да најдеме начин како да го поврземе местото на кое завршува експресниот пат со автопатската делница, која во моментот се гради, а ЈП за државни патишта во рамките на своите капацитети ги санира сите делници на кои се пријавени проблеми – изјави премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп одговарајќи на прашањето дека стопанствениците од регионот бараат да се санира делницата Прилеп – Градско во делот на кој има оштетувања.

Ние сме фокусирани на завршување на автопатската делница што треба да ги поврзе Прилеп и Битола. Очекувам в година веќе првите 10-12 километри да бидат пуштени во двонасочен сообраќај. Нашиот фокус е целосно на тоа. Очекувам во рамките на рокот да биде целосно завршена оваа делница Прилеп – Битола. Се планира обиколница околу Битола и поврзување со граничниот премин Меџитлија. Исто така, преговараме со изведувачот на работите на Коридорот 10 Д и, генерално, она што го имаме како план е да најдеме начин како да го поврземе местото на кое завршува експресниот пат со автопатската делница, која во моментот се гради. Во моментот тоа е наш приоритет. Инаку, Јавното претпријатие за државни патишта, во рамките на своите можности и капацитети, ги санира сите оние делници на кои има проблем, односно на кои е констатиран проблем – изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски ги повикува сите што ја користат делницата да ја користат онаашто е пуштена од експресниот пат, кој, практично, како што рече, ги поврзува Прилеп и Градско.

Поврзани вести