![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/vtor-den-mi-e_poakana-1-2.jpg)
Вчера (2 декември) во „Јавна Соба“ се отвори фото изложба посветена на вториот ден од менструалниот циклус кај жените. Тринаесет девојки и жени се фотографираа за време на нивниот втор ден од циклусот, но се фотографираа и на сосема случајно избран друг ден. Портретите ја доловуваат евидентната разлика во расположението кај учесничките. Вториот ден беше и тема на панел дискусијата помеѓу стручните лица кои доаѓаат од различни области.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/screenshot_1-4.jpg)
Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија, д-р Симонида Котларова Попоска, гинеколог и м-р Емилија Спасовска Мојсовска нутриционист зборуваа околу грижата на жената за време на вториот ден од менструалниот циклус, водејќи сметка за нејзиното ментално, гинеколошко и нутритивно здравје. На панелот говореше и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, за рушење на општите стигми околу менструалното здравје кај жената и упати апел за менструална правда.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/screenshot_2.jpg)
Фотограф е Стефан Самандов.
Проектот е на Public Room, а поддржан од ДМ – Македонија во рамки на платформата {ЗАЕДНО} за подобро утре.
Влезот е слободен за сите посетители.