Skip to main content

Финска најсреќна нација, Косово на 29. место, Македонија на 86 место.

Freepik

Финска осма година по ред е прогласена за земја со најсреќни луѓе во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен на 20 март 2025 година, по повод Меѓународниот ден на среќата. Извештајот, подготвен од Галуп, Оксфордскиот центар за благосостојба и Мрежата за одржлив развој на ОН, го анализира периодот 2022-2024. Македонија е на 86. место со оценка 5,503 од 10, додека Косово води во регионот на 29. позиција.

Финците, кои го оценија својот живот со 7,736 од 10, ја задржуваат титулата најсреќни луѓе во светот. Следат Данска, Исланд и Шведска, а Норвешка е седма. Холандија се врати на петтото место, додека Костарика (шесто) и Мексико (десетто) влегоа во Топ 10. Косово, на 29. место, е најсреќна нација во регионот, пред Србија (31), Босна и Херцеговина (56) и Црна Гора (71). Авганистан е последен со 1,364.

Рангирање и клучни фактори за среќа, животен век, слободи, безбедност, корупција и доверба во другите

Извештајот рангира 147 земји врз основа на БДП по глава на жител, социјална поддршка, животен век, слободи, безбедност и корупција. Истражувачите открија дека доверба во другите и добрината се пресудни. Лара Акнин нагласи:

„Односите во заеднциата можат да направат една нација да биде меѓу најсреќните луѓе во светот.“

Македонија падна на 86. место од 84. во 2024, со оценка 5,503. Бугарија е 85., Албанија 89., а Косово го предводи регионот. САД се на 24. место, најлош резултат досега, додека Германија се искачи на 22. Финска останува пример за најсреќни луѓе во светот.

Резултатите ја нагласуваат важноста на социјална поддршка и довербата. Извештајот, објавен од 2012, користи тригодишни просеци и е глобален репер за среќата.