Во СЦ Дуња во Скопје, денес, од од 15 до 17 часот ќе се одржи предновогодишна размена, каде во духот на солидарноста ќе се разменуваат зимска облека, книги и додатоци: палта, џемпери, туники, панталони, јакни, капути, шалови, ракавици, капи, греачи, балаклави, чизми, ташни, торби и по некое парче накит.
Правила за учество:
ОБЛЕКА / МОДНИ ДОДАТОЦИ
– Носиш неколку парчиња зимска облека и модни додатоци кои веќе не ти се потребни. Секое парче мора да биде во уредна, чиста и употреблива состојба.
– Ги оставаш во соодветните категории во просторијата.
– Ги разгледуваш парчињата од останатите учесници, си муабетиш со чај, кафе и топол напиток.
– Можеш да земеш нешто иако не си донел/а ништо. Нема ограничување во бројот на земени парчиња.
КНИГИ
За донесените книги добиваш купони за размена. Земаш онолку книги колку што си донел/а.
Настанот не е од донаторски карактер и дека оставањето кеси облека за донација нема да биде прифатено