
МВР во текот на денешниот ден спроведува координирана акција со претреси на дваесетина локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д категорија.
Акцијата е насочена кон расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.
Неодамна во медиумите се актуелизираше голем корупциски скандал во МВР поврзан со незаконско издавање и допишување на „Ц“ и „Д“ категории (за камиони и автобуси) во возачките дозволи на лица кои воопшто немале посетувано обука ниту положено испит.

Македонски

