
Македонската национална асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) во период од 28-30 октомври, во Копенхаген, Данска и Стокхолм, Шведска, реализираше интензивни промотивни активности за претставување на туристичките потенцијали на нашата земја.
НАИТМ организираше два настани (28.10. во Копенхаген и 30.10 во Стокхолм ) за влијателната јавност во туризмот, медиумите и туристичките инфлуенсери од Скандинавија.
Целта на ова roadshow во Скандинавија, е да предизвикаме интерес, да ја претставиме нашата убава земја како автентична дестинација. Туристите нема да дојдат ако не ги заинтересираме и повикаме, ако немаме квалитетна промоција. Денес не се поставува прашање дали ни е потребна туристичка промоција, тука каква таа ќе биде. Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ, посебно денес во ера на дигитализација, ефтини летови и лесна достапност на било која дестинација“, вели Драгана Панкова, Оперативен директор на Националната асоцијација за дојдовен туризам.
Скандинавците се туристи со голема куповна моќ, патници кои сакаат автентични искуства и недопрена природа, а Македонија со своите планини и езера е идеална за нив доколку ја запознаат. Би сакале да биде нивната порта кон останатиот дел од Балканот, изјавија дополнително од НАИТМ.

Македонски







