
Италијанскиот град Салo – последното седиште и упориште на фашистичката влада во Втората светска војна, му го одзеде статусот на почесен граѓанин на диктаторот Бенито Мусолини. Градскиот совет во Сало гласаше со 12 гласа „за“ и 3 „против“, за одземање на тој статус, по два неуспешни обиди последниве години.
– Никој не сака да брише историски факт… Но, сакаме да свртиме нова страница, со силна симболична вредност и да покажеме дека Мусолини нема место во денешна Италија, рече градоначалникот Франческо Кањини.
За претставничката на десничарската опозиција во Советот, Ерминија Бонфанти, оваа иницијатива против диктаторот, кој е мртов 80 години, е „бесполезна и бесмислена борба против италијанските градови“.
Статусот на почесен граѓанин на Мусолини му беше одземен и во Фиренца во 2009., во Торино во 2017. и во Пиза во 2017 година. Официјално, во „левичарската“ Болоња и неколку други помалку познати места, неславниот лидер сè уште е почесен граѓанин.
Мусолини и неговата Фашистичка партија владееле со Италија од 1922. до 1943 година, како и со германско-нацистичката т.н. Сало Република во северна Италија од ’43 – ’45 година, со седиште во Сало.