
Македонка била касната од отровната риба „змеј“ додека се капела на плажата во Неа Каликратија во Грција. Како што опиша на „Фејсбук“, по убодот имала ужасни болки, а отровот многу брзо се проширил по целата нога.
Предупредување: отровна риба Драгоула. Пред 5 дена ме касна отровна риба во Неа Каликратија, во плитко на само 3 м од beach bar. Цела нога отече, помодре, трнеше, со силни болки, кои сеуште ме болат, отровот се прошири до листот на ногата. Ми рекоа одма во болница да одам и таму ми ја ставија ногата во врела црна вода за да ми го исцица отровот, после тоа подобро ми беше. Како и да е, предупредување за сите, а посебно за малите деца, да си носат гумени сандали.

Станува збор за мала риба, долга само околу 10 см, која има остри црни боцки на првата грбна перка. Не напаѓа, но ако ја загрозите или стапнете на неа – ќе ве касне и ќе ви испушти отров во телото преку боцките. Ова се случува доста често бидејќи е практично невидлива – се крие во песокот и е со слична боја, така што тешко е да се забележи.