Skip to main content

Кафе 6.5 евра, гиро 5 – изгор цени уште во предсезона во грчките летувалишта

Првите туристи на егејскиот брег ги носат и првите впечатоци од летувањето во Грција годинава. Главниот впечаток е дека цените се доста повисоки од лани.

Уште во предсезона, капачите на плажата во Неа Каликратија ги пречекаа цени од 6.5 евра за фрапе, во кои не е вклучено и шише вода, како што досега беше пракса во повеќето грчки летувалишта. Поскапени се и пивото, соковите, коктелите…

Гирото во истото место чини најмалку 4.5 евра, (5 со додаток ѕаѕики), а морските плодови во таверните почнуваат со цени од 10 евра па нагоре. Иако Неа Каликратија отсекогаш важела за малку поскапа дестинација, поради близината до Солун и локалните туристи кои редовно ја посетуваат за викендите, сепак, ни на останатите места во кои најчесто летуваат Македонци и Срби има поскапување.

Кафето во Полихроно годинава ќе нè чини најмалку 5 евра.

Според туристичката агенција „Никана“, на пример, доста скапо ќе поминат и оние кои годинава го одбрале Никити, на вториот крак, каде за пар лежалки треба да одвоите најмалку 30 евра.

Како место кое годинава нуди поповолни цени, од агенцијата ја препорачуваат Неа Рода, на третиот крак Атос.

Поврзани вести