Skip to main content

Грција има план против масовниот туризам: Еве како тоа ќе влијае врз нашето летување

Грција ја претстави новата рамка за развој на туризмот, која има цел да ги намали последиците од прекумерниот туризам, да ги заштити природните и културните добра и да го насочи инвестирањето кон поодржлив развој на туристичките дестинации.

Новите мерки посебно ќе ги погодат најпопуларните острови, како Санторини, Миконос и делови од Крит, каде што локалните власти со години предупредуваат на силниот притисок кој големиот број на туристи го создаваат врз инфраструктурата, животната средина и локалното население.

Ограничувања за нови туристички проекти

Според новиот план, туристичките зони ќе бидат поделени според нивото на оптовареност од туриам. Во најоптоварените области ќе се воведат построги правила за изградба на нови хотели и апартмани.

Тоа подразбира:

  • ограничување на големината на новите туристички објекти;
  • построги еколошки стандарди за инвеститорите;
  • поголема заштита на природните и културните локалитети;
  • контрола на краткорочно издавање на смештај како „Ер-би-ен-би“.

Грчките власти сметаат дека досегашниот модел на масовен туризам повеќе не е одржлив, посебно во летните месеци кога бројот на туристи значително ги надминува капацитетите на островите.

Фокус на помалку посетени региони

Покрај ограничувањето во најпопуларните дестинации, новата стратегија предвидува и поттикнување на туризмот во помалку посетените делови од земјата. Целта е туристичкиот сообраќај да се распореди порамномерно во текот на целата година и низ целата земја, со што би се намалил притисокот врз најпосетуваните места.

Грција планира преку нови инвестиции да промовира одржлив туризам, локална гастрономија, културен туризам и автентични искуства надвор од главните туристички центри.

Притисок врз цените и локалното население

Масовниот туризам во последните години доведе до нагло растење на цените на недвижности и на кириите, посебно во Атина и на островите со рекорден број на посетители. Локалното население сè почесто предупредува дека поради ширењето на краткорочното издавање станови, станува сè потешко да се најде долгорочно сместување по пристојни цени.

Истовремено, големиот број на туристи дополнително ги оптоваруваат сообраќајот, водоводната мрежа, енергетската инфраструктура и системите за управување со отпад.

Баланс меѓу туризмот и заштитата

Туризмот останува еден од најважните сектори во грчката економија, но властите нагласуваат дека идниот развој мора да биде повнимателно планиран.

Новата стратегија се фокусира на рамнотежа меѓу економската добивка и квалитетот на живот на локалното население, како и заштитата на природните ресурси.

Turizam ostaje jedan od najvažnijih sektora grčke ekonomije, ali vlasti poručuju da budući razvoj mora biti pažljivije planiran.

Nova strategija fokusirana je na balans između ekonomskog profita i očuvanja kvaliteta života lokalnog stanovništva, kao i zaštite prirodnih resursa koji Grčku čine jednom od najpopularnijih turističkih destinacija u Evropi.

Извор: BIZlife.rs

Поврзани вести