
Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса.
Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше доведена во прашање, а тој се соочи со притисок од некои поранешни лојалисти да се повлече од политиката, што е прва таква отворена критика откако дојде на власт во 2010 година.
На денешниот конгрес на партијата за реизборот на Орбан гласаа 729 од вкупно 737 делегати, објави државната агенција МТИ. Тој немаше противкандидат.
„Не се откажувам, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се откажувам“, изјави Орбан во говорот пред гласањето на конгресот, повторувајќи дека ја презема целосната одговорност за изборниот пораз на партијата.

Македонски



