Skip to main content

Не ја правете оваа грешка со бадниковото дрвце по Божиќ – еве кои се обичаите што треба да ги следите за среќа во домот!

Еден од најважните обичаи пред Божиќ што сите го почитуваат е внесувањето на бадниково гранче во домот. Иако денес може да се купи на секој агол пред овој голем празник, многумина сè уште ја почитуваат традицијата и одат во шума да го исечат своето бадниково дрвце.

Овој весел обичај најчесто го вршат мажите, на Бадник стануваат рано наутро и одат во блиската шума, каде што сечат гранка од даб, односно бадниково дрвце.

Но, дали знаете што треба да направите со бадниковото дрвце откако ќе помине третиот ден од Божиќ?

Бадниковото дрвце треба да се запали и да се остави да изгори во шпоретот или каминот во куќата. Огнот што се појавува кога бадниковото дрвце гори носи плодност и им помага на сите домашни, но не треба да се разгорува со дување, туку да се остави само да пламти.

Исто така, треба да се зачува малку пепел од изгореното бадниково дрвце и да се чува на посебно место во домот, па затоа дрвцето треба да се пали во чиста печка.

Во многу места се верува дека пепелот од бадниковото дрвце е исклучително лековит, па се пие измешан со вода против главоболка или се расфрла по градината за бериќет.

Ако немате камин, шпорер или печка на дрва, бадникот треба да се стави некаде во природа. Сепак, внимавајте да не го фрлите во блиската шума заедно со додаток, како, украсно жито, машничка или целофан, во природа оставете ја само гранките со лисја!

Никако немојте да го фрлите бадниковото гранче во ѓубре, се верува дека тоа носи лоша среќа!

Вратете го во природа чисто, без украси, за да ви донесе бериќет и здравје во новата година. Обичаите околу бадниковото дрвце потсетуваат на древните верувања во силата на огнот и дрвото како симбол на нов живот и Христовото раѓање.

Поврзани вести