Skip to main content

„Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“, вели Монголката која ќе ја претставува Србија на Мис Универзум

По бурните реакции во Србија околу одлуката на изборот за Мис Универзум 2025 да ја претставува девојка со монголско и руско потекло, Јелена Егоровa реши да проговори и да ја сподели својата порака со јавноста.

Јелена Егоровa, родена во Јакутија во 1997 година, објави порака на својот инстаграм-профил, каде што се претстави со лентата на која пишува „Србија“.

„Почестена сум што ја претставувам Србија, земја која ме пречека со раширени раце. Моите корени се азиски, мојот пасош е српски, но мојата цел е универзална – да покажам дека убавината денес значи поврзаност, а не поделба. Сакам секоја девојка која се чувствува ‘поинаква’ да види дека може да припаѓа каде било, таму каде што носи љубезност, почит и сила.

Горда сум што ја претставувам Србија, земја која ми посака добредојде. Моето наследство ја поврзува Европа и Азија, и тоа го гледам како мост, а не како граница“, изјави таа.

Весна Југовиќ де Винча, поранешна организаторка на изборот Мис Србија, реагираше остро на ситуацијата, оценувајќи ја како „хаос без преседан“.

„Никој не ја избрал. Албанки претставуваат повеќе држави, како тоа? Значи, потполен хаос настапи во организацијата на Мис Универзум. Ова за нас е огромен скандал… Оваа Монголка не знае српски, гарантирам дека нема пасош, нема ни услови за тоа, таа лаже и сите тие лажат, оваа организација Мис Универзум се распаѓа“, изјави таа.

Иако организаторите на Мис Србија тврдат дека земјата оваа година официјално не учествува на изборот, Егоровa продолжува да се претставува како српска кандидаткa.

Поврзани вести