Skip to main content

Вечера која го поттикнува прочистувањето на црниот дроб во текот на ноќта

Freepik

Црниот дроб е главниот филтер на организмот – дневно обработува токсини и метаболизира хранливи материи. Според нутриционистите, здравјето на црниот дроб не зависи од драстичните детокс-диети, туку од внесувањето намирницци богати со антиоксиданси, здрави масти и влакна. Правилната вечера може да му помогне на црниот дроб подобро да си ја врши работата во текот на ноќта, додека вие помирно ќе спиете и ќе се будите посвежи. А еден од најдобрите избори е салатата од лосос и зелен зеленчук.

Состојки (за 2 лица):
200 г филет лосос (или друга масна риба богата со омега-3-
1 помала главица брокула или 200 г цветови брокула
поголем грст мешавина од листест зелен зеленчук (спанаќ, блитва, кељ)
1 лажица екстра девствено маслиново масло
1 чешне лук (ситно сечкано)
сок од половина лимон
1 лажиче куркума (или свежо рендан ѓумбир како алтернатива)
сол и бибер по вкус
30 г бадеми или ореви (исечкани) како додаток за текстура и здрави масти

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Посолете ги и забиберете ги филетите лосос, премачкајте ги со пола лажица маслиново масло и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги 12-15 минути (зависно од дебелината).

Во меѓувреме, измијте ги брокулите и исечкајте ги на помали цветови. Прелејте ги со преостанатото маслиново масло, додајте сечкан лук, куркума и малку лимонов сок. Посолете и забиберете. Ставете ги брокулите во рерна со лососот последните 10 минути од печењето.

Зелениот зеленчук пржете го кратко на тавче со капка маслиново масло, само колку да омекне, па додајте сечкани бадеми/ореви и малку лимонов сок.

Кога лососот ќе биде готов, извадете го до рерна и прелејте го со преостанатиот лимонов сок. Послужете го на чинија со зелениот зеленчук со ореви и печените брокули.

Зошто ова јадење добро влијае врз црниот дроб?

  1. По желба, со јадењето можете да пиете чаша вода со лажиче лимонов сок – лимонот го поттикнува производството на жолчка и му помага на црниот дроб полесно да ги елиминира токсините.
  2. Масните риби како лосос се богати со омега-3 масни киселини, кои ги намалуваат воспаленијата и ја поттикнуваат функцијата на црниот дроб.
  3. Брокулите и листестиот зелен зеленчук содржат антиоксиданси, влакна и сулфурни единици што ги активираат ензимите на црниот дроб одговорни за детоксикација.
  4. Маслиновото масло е богато со здрави мононезаситени масти кои го поддржуваат метаболизмот на црниот дроб и го намалуваат насобирањето масти во органот.
  5. Лимонот (витамин Ц) и лукот/сулфурните единици помагаат во процесот на елиминација на токсините и прочистувањето на заситените молекули.

Совети за уште подобар ефект:
Одбегнувајте тешки сосови со многу маснотии, пржена храна или слатки пред спиење – црниот дроб тогаш дополнително мора да работи.
Обидете се да вечерате најмалку 2-3 часа пред спиење – така ќе му дадете време на телото да почне со варење и да се фокусира на детоксикацијата.
Останете хидрирани во текот на денот (6-8 чаша вода или незасладени напивки) – хидратацијата е клучна за правилната функција на црниот дроб и елиминацијата на токсините.

Поврзани вести