
Три природни начини да ги обоите во црвено вашите велигденски јајца.
Сок од вишна
За многу интензивна црвена боја на вашите јајца користете домашен сок од вишна. Во тенџере ставете ги јајцата, прелијте ги со сокот од вишни, додавајќи малку сол и оцет. Сварете ги јајцата во сокот и оставете ги да се изладат.
Пипер
Истурете четири лажици мелена црвена пипер во литар вода, додадете малку сол и оцет и во неа сварете ги јајцата. Внимавајте да не користите лута пипер, бидејќи лутината може да навлезе преку лушпата во самите јајца.
Сок од цвекло
Истурете го сокот од цвекло во тенџере, додадете малку сол и оцет и нежно ставете ги велигденските јајца да се варат. Доколку сакате поинтензивна боја оставете ги подолго во врелиот сок и обратно.