Skip to main content
2lEKdlyb_lc

Посна салата со кикирики

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г печени пиперки
сок од 1/2 лимон
1/2 лажичка сол или по вкус
100 г печени кикирики (маринирани во сол)
100 г маринирани шампињони
2+1 лажици сусам
250 г јогурт од соја (цврст соин јогурт со конзистенција на к.павлака)

ПОСТАПКА:

Можете да користите од есенските печени пиперки кои сте ги складирале во замрзнувач, излупени, исчистени од дршките и семето и исцедени од сокот кој го пуштиле. Потребни ви се 200 г исчистени, испечени пиперки. Исечете ги на ситни коцкички.

Печурките исцедете ги од маринадата (тие се полни со сокови, па истискајте ги за да излезе вишокот), исечкајте ги ситно и додајте ги во пиперките. Зачинете со сол и лимонов сок.

Потоа додајте ги мелените кикирки кои се маринирани/печени само во сол, а не пржени во масло, 2 супени лажици пропжен сусам (во сува тава колку да замириса).

На крај додајте го соиниот јогурт кој е без додаток на масло. Оваа салата е многу здрава и не содржи масти ниту мајонези и нема потреба од додавање на други состојки, зашто сама по себе е многу вкусна.

Евентуално, секој по желба може да додаде сосем малку сенф, ако го сака тој вкус. Салатата добро измешајте ја и претурете ја во садот за послужување. Одозгора посипете една лажица сусам.

Салатата може веднаш да се послужи. Се чува добро затворена во фрижидер, до 3-4 дена го сочувува свежиот вкус. 

Поврзани вести