
Ви го откриваме најдобриот рецепт за посен гулаш на вода
Гулашот е омиленото јадење во многу кујни, но ако сакате полесен и посен оброк, верзијата со печурки на вода е совршена. Овој гулаш е богат со вкусови, ароматичен е и заситува, а истовремено е и лесен за варење. Одличен е за деновите кога се пости, но и за сите што сакаат поздрав оброк без месо.
Состојки:
500 г свежи печурки (шампињони или мешавина од шампињони и вргањ)
1 поголем кромид
2-3 чешниња лук
2 моркова
1 пиперка (црвена или зелена по желба)
2-3 лажици растително масло
2 лажици брашно (по желба интегрално)
1 лажица црвен пипер
500 мл вода
сол и бибер по вкус
магдонос за декорација
по избор: малку сушена мајчина душица или лавров лист за поинтензивен вкус
Приготвување:
- Ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Исечкајте ги морковот и пиперката на коцки, а печурките на листови.
- Во тенџере загрејте масло и пропржете го кромидот додека стане стаклест. Додајте лук и морков и пропржете кратко.

Македонски

