Skip to main content

Каква храна не треба да јадете на жештиниве

Фрипик

Постојат неколку намирници и видови храна кои треба да се избегнуваат да се конзумираат кога е многу жешко, како што е случајот овие денови.

Премногу солена храна

Солта (натриумот) ги задржува течностите во телото и го зголемува крвниот притисок. Ова може да биде особено опасно во лето бидејќи телото веќе губи електролити преку потењето, а дополнителното оптоварување на срцето може да предизвика проблеми.

Масна и пржена храна

Храната богата со заситени масти го зголемува нивото на лош холестерол (LDL) и придонесува за затнување на крвните садови, што во комбинација со топлината може да предизвика сериозни проблеми со срцето.

Рафинирани шеќери и слатки

Во лето, на телото му е потребна лесна и освежителна храна, додека слатките претставуваат дополнителен товар за панкреасот и можат да предизвикаат ненадејни скокови во шеќерот и крвниот притисок.

Црвено месо во големи количини

Црвеното месо е тешко за варење и богато со заситени масти. Во лето, кога телото потешко ја регулира својата температура, овој вид храна може дополнително да го исцрпи телото, особеноо пржени или масни делови.

Алкохол

Многу луѓе посегнуваат по алкохол како освежување во текот на летните вечери, но тој всушност го дехидрира телото, ги шири крвните садови и може да предизвика флуктуации на крвниот притисок.

Поврзани вести