Skip to main content

В сабота во Скопје петто издание на воздухопловно – едукативен саем Skopje air fair 2025

В сабота, на 25 октомври, во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 11 часот на локацијата „Вембли“ ќе се одржи јубилејното, петто издание на воздухопловно-едукативниот саем Skopje air fair 2025 во организација на Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје.

Влезот за сите посетители е слободен. А локацијата Вембли во Градскиот Парк е тревната површина помеѓу Фонтаната и Езерцето а ќе биде воочлива и егзотична бидејќи ќе има полициски хеликоптер Bell412 слетан во Градскиот Парк.

Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утрe!”, саемот претставува централно место за професионална ориентација на младите и уникатна можност за сите посетители да се запознаат со авијациската индустрија во земјата.

Дел од атмосферата на ланското издание на Саемот / фото: АВИКОН

Здружението АВИКОН упатува топол повик до сите граѓани, млади, семејства и љубители на воздухопловството да ја посетат оваа манифестација во Градски парк оваа сабота.

Пет години посветеност на едукација и промоција на воздухопловството! Дојдете да бидете дел од најголемиот воздухопловно-едукативен настан на отворено и да добиете инспирација за вашата идна кариера“, изјавија од Здружението АВИКОН.

SKOPJE AIR FAIR 2025 e преставување на воздухопловни професии на младите – од пилоти и стјуарди, преку контролори на летање и воздухопловни метеорлози, техничари, па сѐ до инженери и оператори со дронови. Саемот е особено наменет за средношколците и студентите кои размислуваат за кариера во авијацијата. На едно место, посетителите ќе може да се сретнат и да комуницираат директно со професионалци и претставници од сите клучни воздухопловни ентитети, вклучувајќи ги:

WIZZ AIR Pilot Cadet Program (Унгарија), Агенција за Цивилно Воздухопловство, Siberi Fly (Италија), ТАВ аеродроми, Аеро Клуб Скопје, Професиите од системот на Контрола на летање преку М-НАВ а.д Скопје и здруженијата ЗКЛМ, ЗВММ и ЗВТПСКЛ, Аеро клуб Штип, DroneBuzz (Сертифициран тренинг центар за летање со дронови), Воена Академија, Хеликоптерска единица Јастреби при МВР кои и ќе слетааат со својот Bell412 хеликоптер, Дирекција за Заштита и Спасување (кои се задолжени за гаснење на пожари со ер трактори), Ад Вербум (сертифициран тест центар за воздухопловен англиски јазик), Ваздухопловна Академија Београд (Србија), Макетрски клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, Римин Аир, Воздухопловна Федерација на Македонија, Едукативен Центар Шаботиќ и други…

Поврзани вести