
„Наука за деца“ распиша научен ликовен конкурс на тема „Македонска наука“.
Платформата „Наука за деца“ е македонска едукативна иницијатива посветена на популаризација на природните науки, истражувањето и критичкото размислување кај децата
Од платформата ги повикуваат сите млади уметници од основно образование да ја преточат својата фантазија во цртеж или дигитален постер.
Цртежите и постерите можат да претстават: македонски научник или научничка, откритие или научен придонес поврзан со Македонија, како децата ја замислуваат работата на еден македонски научник, нешто од македонската наука што им е интересно или инспиративно, или сè друго што нивната фантазија ќе го поврзе со македонската наука.
Крајниот рок е 28 октомври 2026 година.
Делата може да се достават во просториите на Наука за деца на Илинденска бр. 41. Тие што не се во Скопје, може да ги испратат по пошта, а дигиталните постери испратете ги на: [email protected]
Од пристигнатите дела ќе се изберат најинтересните и истите ќе бидат изложени на петтата конференција „Наука за деца“. За најкреативните уметници ќе има и супер научно-уметнички награди кои ќе бидат доделени на 7 ноември за време на конференцијата „Наука за деца“.

Македонски

