
Македонската наука е во фоксуот на петтата конфренција „Наука за деца“ која почнува вечерва во 18,30 часот во училиштето „НОВА“ во Скопје. Годинашното издание се одржува под мотото „Правиме ПРОстор за МАкедонска идеЈА“ (Правиме промаја).
На отворањето стипендистите на „Наука за деца“ ќе зборуваат за истражувањата на своите ментори. Огнен Арсовски ќе зборува на тема „Самогенерирачки кристали“ што ја работеше под менторство на Панче Наумов, „Безжични системи во реално време“ е темата на Јаков Грујовски што ја работеше под менторство на Петар Поповски. Софија Салтировска ќе ја претстави „GLP1 – малиот хормон што ја промени модерната медицина“, работена под менторство на Светлана Мојсов, а Зоран Илијоски ќе зборува на тема „Од насмевка до залак: тајните на паметните очила“ што ја работеше под менторство на Христијан Ѓорески.
На конференцијата ќе бидат доделени наградите за научен потенцијал „Иван Ќостаров“ и за научно новинарство „Колега Стиков“, а ќе бидат соопштени и стипендистите за идната година. Утре ќе има научни работилници и изложба на цртежи посветени на македонска наука.
Конференцијата ја организира Фондацијата „Кантарот“ во чии рамки функционира и платформата „Наука за деца“.

Македонски




