
Биологот проф. д-р Ицко Ѓоргоски, историчарката проф. д-р Виолета Ачкоски, универзитетскиот професор Али Пајазити во областа на образованието и воспитанието и ликовниот уметник проф. м-р Јован Шумковски во областа на уметноста се годишнашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“, соопшти Министерството за култура и туризам.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2026 година (вторник) во 11 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Македонски




