Skip to main content

И доаѓал на училиште и пред домот: Малолетна девојка една година вознемирувана и следена од поранешното момче

Вчера во СВР Скопје, 37-годишен маж пријави дека во период од околу една година неговата малолетна ќерка била вознемирувана од нејзиниот поранешен партнер Т.С.(20), кој во повеќе наврати доаѓал кај неа во училиште и пред нејзиниот дом.

Според пријавеното, пред околу една година имал и полов однос со неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести