
Научниците од компанијата „Colossal Biosciences“ во САД, вратиле во живот еден вид волци кои талкале по рамнините и планините на Јужна и Cеверна Америка пред повеќе од 12.000 години.
Како што пишува магазинот „Тајм“, за да го оживеат изумрениот вид, „Colossal Biosciences“ откриле примероци од ДНК од изумрените „страшни волци“ кои живееле во Cеверна Америка за време на ерата на плеистоценот.

Биоматеријалот е пронајден во череп на волк стар 72.000 години и заб стар 13.000 години. Со помош на новите информации, препишан е генетскиот код и вратена во живот од изумрениот вид. Научниците користеле клетки на сивиот волк и го уредиле страшниот геном на волкот.
Древниот вид се одликувал со својата импресивна големина, моќните мускули и белото крзно.

Првото легло на обновениот вид вклучуваше три волченца – машките Ромул и Рем (на сликата) и женката Калеси. Малите волчиња ги добиле имињата Ромул и Рем во чест на основачите на Рим, кои, според легендата, израснале цицајќи од волчица.
Волченцата сега живеат во резерват на тајна локација и јадат посебна храна. Тие на оваа возраст се приближно 25% поголеми од нивните најблиски роднини, сивите волци.